21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пилотите на „Бритиш ервејс“ најавија штрајк

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ ќе се соочи со еден од најголемите штрајкови на пилотите најавен за следната недела откако одби да ги продолжи преговорите со синдикатот „Балпа“.

Пилотите најавија дека ќе штрајкуваат в понеделник и вторник, како и на 27 септември, поради несогласувања во врска со платите.

Штрајкот би можел да опфати околу 90 проценти од 4,3 илјади вработени во „Бритиш ервејс“.

Синдикатот соопшти дека пилотите на британската авиокомпанија за прв пат ќе штрајкуваат, што може да предизвика следната недела да бидат откажани 1,600 летови, што би загрозило неколку илјади патници.

Спонзорирано: