22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се судрија два руски воени авиона

Два руски борбени авиона „сухои“, „су-34“ се судрија над рускиот регион Липецк, пренесе агенцијата „Тасс“.

Агенцијата наведува дека несреќата се случила поради пилотска грешка.

Телевизијата РЕН, пак, информира дека авионите двапати се допреле во воздух поради губење визуелен контакт.

Локални медиуми пренесоа дека пилотите успеале да ги приземјат авионте и покрај големите оштетувања, а според првичните информации, во инцидентот нема повредени.

Во моментот на терен е екипа што ги испитува деталите за несреќата.