25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европската комисија чека официјално барање и образложение на Лондон за доцнењето на брегзитот

ЕУ сè уште не добила официјално барање од Лондон за повторно одложување на брегзитот и понатаму се подготвува за излез на Велика Британија на 31 октомври, соопшти Европската комисија.

„Сè додека не добиеме официјално барање, ние нема да го разгледуваме прашањето. Очекуваме да добиеме конкретни предлози за да можеме да разговараме“, рече портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева.