11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Задолжителна евакуација во Џорџија и Јужна Каролина поради ураганот Дориан

Гувернерите на Џорџија и Јужна Каролина наредија евакуација на населението поради ураганот Дориан, кој се приближува кон овие сојузни американски држави.
Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп нареди задолжителна евакуација во неколку окрузи. Евакуацијата би требало да почне на пладне по локално време, а се однесува на окрузите Брајан, Камден, Чатам, Глин, Либерти и Мекинтош.

Околу 54.000 луѓе живеат на брегот на оваа држава оддалечена 160 километри.

Задолжителна евакуација нареди и гувернерот на Јужна КАролина, Хенри МекМастер и тоа за цело крајбрежје, што значи евакуација на 830.000 жители и оваа евакуација треба да почне на пладне по локално време.

И властите на Флорида наредија задолжителна евакуација во некои загрозени крајбрежни делови.

Ураганот Дориан кој синоќа беше прогласен за ураган од петта најсилна категорија, вчера дојде до копно на островот Абако, каде властите пријавија катастрофални услови, како и удари на бурата од 290 километри на час. Жителите на овој остров пријавија дека им се уништени домовите, а поплавени се патишта и откорнати се дрвја насекаде.

Невремето се движи кон запад со брзина од 5 километри на час

Во меѓувреме, нова тропска бура се формира југозападно од Мексико и се очекува денеска да стане ураган.