8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураганот Доријан се приближува до Флорида

Ураганот Доријан, кој во моментот е ураган од прва категорија, се приближува до САД. Националниот центар за урагани на САД објави дека се очекува да премине во ураган од трета категорија до моментот кога ќе стигне до копното во недела навечер или во понеделник наутро. Се очекува дека ураганот ќе ги погоди Флорида и Џорџија.

Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, прогласи вонредна состојба. Тој им порача на жителите внимателно да го следат движењето на ураганот и да подготват храна за најмалку седум дена.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека Флорида е подготвена за ураганот.

Според сегашните предвидувања, ураганот треба да го заобиколи југоисточниот дел на Бахамите и да се насочи кон северозападните делови на островите.