14.8 C
Скопје
14. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Twitter
СВЕТ

Мицотакис во Берлин на средби со Меркел и Олаф

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, денеска е во посета на Берлин каде што ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со заменик-канцеларот и министер за финансии, Олаф Шолц.

Теми на состанокот ќе бидат економијата, инвестициите и бегалската криза.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, деновиве на прес-конференција, прашан за тоа дали договорот од Преспа е тема на средбите, одговори дека нивните позиции, како и позициите на нивните партнери се познати во однос на политиката за Западен Балкан и за соседите.