20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата во Хонг Конг почна и да пука

Еден полицаец пукаше од пиштол за време на протестите во Хонг Конг, што е прва употреба на оружје откако почнаа протестите во јуни.

Демонстрантите ја гаѓаа полицијата со молотови коктели и со камења. Во судирите приведени се 36 демонстранти, а најмладиот меѓу нив има само 12 години.

По завршувањето на маршот, група радикални демонстранти ја зазеде главната улица, а полицијата употреби солзавец. Демонстрантите почнаа да фрлаат камења и молотови коктели, додека еден полицаец пукаше во воздух со цел да ги запре напаѓачите.

Полицијата употреби и водени топови за растерување на толпата.

Вчерашните протести во Хонг Конг беа најнасилни од јуни, кога демонстрантите првпат побараа повлекување на законот со кој се предвидуваше можност граѓани на Хонг Конг да бидат екстрадирани во Кина. Во меѓувреме законот е повлечен, додека протестите продолжија со барања за оставка на локалната Влада.

Спонзорирано: