17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в година, напиша на „Твитер“ новинарката на Си-ен-ен, Кајли Атвуд, повикувајќи се на извори во американската администрација.

Претседателите на САД и Франција се согласија за време на телефонскиот разговор вчера дека Русија треба да биде поканета на самитот на Г7 в година, напиша новинарката.

Таа додаде дека тоа е идеја на Макрон.

Се очекува Трамп да го иницира тоа прашање на самитот на Г7 во Бијариц овој викенд.

Претходно, американскиот лидер изјави дека нема ништо против враќањето на Русија и преродбата на форматот Г8.