18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ до Мицкоски: Што ти даде Кичеец?

Како напредува истрагата во случајот Рекет, така расте нервозата и паниката кај ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да одговори за средбите. Ова го велат денеска од СДСМ.

– Како што напредува истрагата така нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ расте. Нервозата кулминираша со вчерашниот распит на еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Јавноста знае дека токму Христијан Мицковски призна дека се сретнал со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал нешто, што е тоа?, велат тие.

Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата.

– Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има. Јавноста ги чека одговорите. Правда мора да има, додава владејачката партија.