16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британска фризерка чека екстрадиција по усмртувањето жена со силиконски инјекции од „Ибеј“

Жената од Британија, која беше обвинета за смртта на една пациентка на која ѝ инјектирала филери во задникот, ќе биде екстрадирана во САД, каде што ќе биде осудена.

Кели Мејхју (34) почина во 2015 година по примањето силиконски инјекции за зголемување на задникот во подрум во Њујорк.

Поранешната фризерка Дона Франсис (38) од Есекс се товари со кривично дело убиство од небрежност и недозволено практикување професија.

Франсис приговараше на одлуката за екстрадиција, но судот ја отфрли жалбата.

Доколку на Франсис ѝ биде изречена казна затвор, таа не може да биде затворена повеќе од една година во затвор во САД.

Дона Франсис е обвинета за смртта на Кели Мејхју, која подлегнала на нелегален козметички третман во мај 2015.

Според истражителите, Мејхју добила срцев удар кога ѝ бил инјектиран силиконот, а обвинетата ја оставила во подрумот во Њујорк каде што ја изведувала процедурата по што избегала од земјата.

Истражителите додаваат дека обвинетата не е доктор, но дека таа привремено изведувала вакви козметички третмани со силиконски гел што го купила од „Ибеј“.

Вештакот што вршел аутопсија на телото на починатата вели дека жртвата починала поради системска силиконска емболија, која била предизвикана кога силиконот навлегол во крвотокот и направил емболија.

Спонзорирано: