25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Техеран повторно ќе лансира сателит во вселената

По двата неуспешни обида да лансира сателит во орбитата, Иран најверојатно се подготвува за уште едно лансирање на сателит. Неуспешните обиди Иран ги изврши и покрај обвинувањата од САД дека таа програма им помага во развој на балистички ракети.

Сателитските снимки направени овој месец од вселенскиот центар Имам Хомеини во покраината Семнан, покажуваат зголемена активност во тоа место, во момент кога се зајакнати тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, поради пропаѓањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Вселенскиот центар е оддалечен околу 240 километри југоисточно од Техеран.

Според некои западни медиуми, новиот обид за лансирање на сателитот се очекува пред крајот на оваа година.