24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранскиот танкер исплови од Гибралтар

Иранскиот танкер,кој од минатиот месец беше заробен од Гибралтар поради сомневање дека носи нафта за Сирија, ноќеска го напушти пристаништето, пренесуваат светските медиуми.

Врз основа на ГПС податоците на Marinetraffic.com, службата за следење на пловила, се гледа дека танкерот „Едријен Дарја 1“, што некогаш го носеше називот „Грејс 1“, почна да се придвижува непосредно пред полноќ.

На иранскиот танкер му беше дозволено да исплови од Гибралтар откако британските власти на оваа територија вчера го одбија барањето на САД за неослободување на танкерот, што беше запленет пред повеќе од еден месец, заради, наводно, кршење на санцкиите на ЕУ против Сирија.

Владата на Гибралтар во соопштение образложи дека на танкерот „Грејс 1“ ќе му биде дозволено испловување, бидејќи американските санкции против Иран не важат за Обединетото Кралство и остатокот од Европската унија.