Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Официјален Пекинг: На аеродромот во Хонгконг се случи речиси терористичка акција

Кинеската канцеларија за Хонгконг денеска ја осуди, како што наведе, речиси терористичката акција на аеродромот во Хонгконг и ја повтори поддршката за властите во тој град, кој е под кинеска контрола, строго да ги казнат одговорните за ескалацијата на кризата.

Канцеларијата, исто така, остро ги осуди нападите врз новинар на кинескиот „Глобал тајмс“ и патници кои, како што е наведено, биле извршени од насилните антивладини демонстранти

На аеродромот во Хонгконг, каде што демонстрантите го изразуваа незадоволството од властите на овој посебен кинески административен регион, денеска продолжи да се одвива воздушниот сообраќај, а стотици летови кои во изминатите два дена беа откажани поради судири меѓу полицијата и демонстрантите повторно ќе бидат закажани.