5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во автомобил паркиран во Загреб измерени рекордни 81 Целзиусови степени

Во автомобил паркиран на место под силна сончева светлина во Загреб, биле измерени 81 Целзиусов степен, соопштија од автоклубот „Максимир“.

Од таму најавуваат предлози за превентивни мерки, како што се вградување термометар за тревога во случај на прекумерна температура во возилото.

Рекордните 81 степен биле измерени во понеделникот, што е за седум повеќе од 25 јули, кога беа забележани 74 Целзиусови степени, објави „Вечерњи лист“,

Поради сѐ почестите и подолгите топлотни бранови и промената на климатските услови, ќе бидат предложени неколку мерки за заштита во текот на следната година.

„Ќе иницираме изработка на термометри, коишто со звучен и светлосен сигнал ќе предупредуваат на прекумерното покачување на температурата во автомобилите, тракторите, камионите и градежните машини“, се вели во соопштението на автоклубот.

Спонзорирано: