17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавено писмо од обвинетиoт за масакрот во Крајстчрч кое го испратил од ќелија

Официјални претставници на Нов Зеланд денес признаа дека направиле грешка дозволувајќи му на Брентон Терант, обвинет за убиство на 51 лице во две џамии во Крајстчрч, да испрати писмо од неговата затворска ќелија.

Писмото на Брентон Терант на шест страници беше објавено неделава на интернет-страницата „4chan“, која стана озлогласено место на кое белите расисти ги искажуваат своите ставови.

Писмото е објавено во чувствително време, кога други наводни убијци од Ел Пасо до Норвешка го посочуваат Терант како инспирација за своите напади, јави агенцијата.

Текстот е напишан со молив во мал нотес и е упатен до извесен Ален во Русија.

Голем дел од писмото изгледа релативно безопасно и зборува за едномесечното патување на Терант во Русија во 2015 година.

Но, тој исто така предупредува дека ќе дојде до голем конфликт и користи јазик што може да се толкува како повик за земање на оружје.

Министерот, Келвин Дејвис, во изјава рече дека смета оти затворскиот систем не требало да му дозволи на Тарант да го испрати писмото.

„Јас јасно ставив до знаење дека такво нешто не може да се повтори“, рече Дејвис.

Но, Дејвис сепак истакна дека сите затвореници во Нов Зеланд имаат права што вклучуваат можност за испраќање и примање пошта. Тој посочи дека во случај како на Терант може да бидат направени одредени исклучоци.

Спонзорирано: