14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доживотен затвор во Романија за силувачи и педофили

Романија ќе одобри итна одредба со која ќе се воведе казна доживотен затвор за силување и педофилија, рече премиерката Виорица Данчила, неколку дена откако ДНК-тестовите потврдија дека девојката којашто беше киднапирана е убиена. Овој случај на киднапирање предизвика бес на јавноста и откри длабоки недостатоци во полицискиот систем на оваа земја-членка на ЕУ.

65-годишен механичар од град во југот на Бугарија признал дека ја убил 15-годишната Александра Мацесана, која исчезнала на 24 јуни, како и 18-годишното девојче кое за последен пат било видено во април. Исчезнувањето на девојчињата ги запре контроверзните правни реформи во Романија.

„Имам нула толеранција кога станува збор за недостаток на хуманост и почит кон граѓаните“, им рече Данчила на новинарите кога ги објави плановите на владата.

Педофилите и силувачите кои се прогласени за виновни во Романија, се соочуваат со затворски казни од седум, односно 12 години, а силувачите можат да бидат осудени на 18 години затвор ако жртвата почине.

Мацесана трипати го повикала европскиот број за итна помош 112 за да каже дека е киднапирана, тепана и силувана.На властите им беа потребни 19 часа за да го лоцираат и да влезат во домот на механичарот, додека се мачеле да ги лоцираат нејзините повици.

Тие пронашле запалени делови од коски и собрале примероци на ДНК. Постапувањето на надлежните во овој случај предизвика улични протести. Министерот за внатрешни работи поднесе оставка, додека началникот на полицијата и неколку други функционери добија отказ.
Обвинителите ги испитуваат одговорните за бавната реакција.

Спонзорирано: