17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Весникот Ла Веритас објавува за Македонија уште од десороизацијата на Груевски

Италијанскиот весник „Ла Верита“, кој денеска објави видео и дел од разговорот како Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев, што е предмет на истрагата „Рекет“ на Обвинителството за организиран криминал и корупција, уште од 15 јануари 2017 објавува текстови кои силно се заснoвани на партискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ, пишува СДК.мк во својата анализа.

„Ла верита“ на 2 јули објави и аудиоснимка за наводно договарање тендер во М-НАВ во кој е вмешан и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, со текстот „Скандал во Скопје, Тендер за ‘Леонардо’, Цигани како нас“. И во овој текст како и во денешниот за Камчев, весникот не кажува од каде му се аудио и видеоснимките.

Весникот, чиј прв број излезе на 20 септември 2016, веќе на 15 јануари 2017 објави интервју со тогашниот македонски министер за надвореши работи во техничката влада Никола Попоски, кој ја промовира операцијата за „десоросоизација“ на Македонија што ја најави експремиерот Никола Груевски непосредно по изборите на 11 декември 2016.

На 15 јануари 2017 објави интервју со тогашниот македонски министер за надвореши работи во техничката влада Никола Попоски под наслов „Сорос да престане да ја дестабилизира Македонија“

На 14 мај 2017, по организираниот напад на Собранието на 27 април, „Ла верита“ објави текст со наслов „Заев, социјалистот кој има врска со исламот, поддржан од Могерини, ја обвинува Италија за геноцид“.
=

Сите овие текстови беа споделувани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и од целата партиска медиумска инфраструктура поддржана од партијата или поддржувачи на партијата. На дел од нив, како и на вебстраната на ВМРО-ДПМНЕ, линковите со пренесените текстови од „Ла верита“ веќе не постојат.

Авторот на сите текстови за Македонија е Ларис Гајсер, во чија биографија во „Ла верита“ стои дека е е роден во Словенија, член е на тим на приватниот Католички универзитет во Милано, предавач на Универзитетот во Џорџија, САД и Диплиматската академија во Виена, и е владин и бизнис консултант.

Целата анализа прочитајте ја на СДК МК