12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ разоткри шокантни информации за однапред подгответно сценарио од страна на мрачните сили на бившиот режим

– Нема правда нема мир! Од ова начело СДСМ не отстапува. Како што ветивме, до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Уште еднаш ги охрабруваме и бараме правосудните органи да ги расчистат сите околности во конкретниот случај.

Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај, вели Костадинов.

– Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој се е вклучен во овој криминал и од кои се предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси. Никој не е заштитен и никој не смее да биде поштеден.

Јавноста има право да ја знае вистината, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Се што се случува вклучувајќи ја и денешната објавување на снимка е дел од однапред подготвено сценарио.

Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија. Убедени сме: на крајот вистината ќе излезе на виделина, најави портпаролот на СДСМ.

– Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечив спас од истата. Напротив, уверени сме дека овие подземни обиди само ќе ја забрзаат истрагата и ќе ја интевизираат, и ќе ги извадат на површина сите актери и учесници во случајот Рекет.

Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?

Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?

Кога се случиле ваквите разговори? Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?

Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?

Го потсетуваме Христијан Мицковски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе. Или тој ќе одговори на овие прашања, или одговорот ќе стигне од друго место, рече Костадинов.

Спонзорирано: