8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Манијак во Калифорнија со нож убил четири лица и повредил двајца

Еден човек уби четири лица и повредил двајца во округот Оринџ, Калифорнија.

Триесет и тригодишен маж од Гарден Гроув бил приведен откако го убил чуварот во продавница.

Началникот на локалната полиција на прес-конференција изјави дека сторителот бил вооружен со нож и пиштол и ограбил стан и неколку деловни простории.

Според АП, насилството било случајно и единствените познати мотиви засега се грабеж, омраза и убиство, изјавил полковник на полицијата од Гарден Гроув на прес-конференција.

Осомничениот и сите жртви се Латиноамериканци.

Двајца од повредените се во стабилна состојба и ќе преживеат, откри полковникот Карл Витни.