5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул: Северна Кореја повторно испука ракети

Северна Кореја повторно испука неидентификувани проектили во морето, соопшти јужнокорејската војска. Проектилите биле испaлени од северозападниот брег на Северна Кореја, а војската во Сеул навела дека го прелетале копното пред да слетаат во источните севернокорејски води.

Јужнокорејската војска не соопшти колку проектили и каков вид ракети биле испалени.

Jужнокорејската војска ја објави оваа информација неколку минути пред портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи да издаде соопштение во кое ги критикува Вашингтон и Сеул поради заедничките воени вежби.