20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистан го протера индискиот амбасадор

Пакистанските власти соопштија дека ќе го протераат индискиот амбасадор и ќе ја прекинат билатералната трговија со Индија, два дена по одлуката на индиските власти за укинување на уставната автономија на дел од Кашмир.

„Ќе го отповикаме нашиот амбасадор во Њу Делхи и ќе им го испратиме нивниот назад“, рече пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши, додавајќи дека владата во Исламабад одлучила да ја прекине трговијата со Индија.

Куреши ја отфрли одлуката на индиската влада да ја укине уставната автономија на Кашмир, велејќи дека тоа е кршење на резолуцијата на Обединетите Нации.

Индија и Пакистан, две нуклеарни сили, досега три пати војувале меѓусебно од 1947 година кога станаа независни од Британската империја.

Два од трите конфликти беа поради Кашмир, област што ја делат двете држави.