21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожарите во Јакутија се намалуваат, во Иркутск се засилуваат

Областа погодена од пожарите во Јакутија се намали за 4.000 хектари во последните 24 часа и во моментов со пожари се опфатени 916.000 хектари, според регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации.

„По дождовите, ситуацијата со пожарите во Јакутија е стабилизирана, но и натаму е комплицирана. Регистрирани се 125 пожари на територијата на 916.431 хектари “, се вели во соопштението.

Пожарите се засилија во регионот Иркутск и сега зафаќаат 650 000 хектари.

Како што се наведува, таму се регистрирани 132 пожари, додека локализирани се 15 пожари на површина од 13.500 хектари.

Споредено со претходниот ден, има седум пожари повеќе.

Министерството за одбрана помага во гасењето на пожарите со авиони „иљушил II-76“ и шест хеликоптери.

Спонзорирано: