24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавена фотографија од напаѓачот во Охајо кој уби девет луѓе меѓу кои е и неговата сестра

Американските медиуми објавија фотографија од убиецот во Дејтон, Охајо, кој со автоматска пушка застрела девет, а рани најмалку 26 луѓе. Тој е идентификуван како Конор Бетс (24).

Полицијата ги објави имињата на сите девет жртви на масакрот. Меѓу убиените е и сестрата на напаѓачот, Меган Бетс.

Крвавиот поход на убиецот траел само една минута.

„За помалку од една минута полицијата го неутрализира напаѓачот. Иако ова е ужасно тажен ден за нашиот град, јас сум воодушевен од брзиот одговор на полицијата. Тие буквално спасија стотици животи“, рекол Нан Вајли, градоначалник на Дејтон.

Полицијата го пребарала домот на Бетс, но сè уште не откриваат дали пронашла докази дека тој го планирал масакрот.

Пукањето во Охајо се случи само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде беа убиени 20, а ранети 26 лица.