12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија со дополнителни две милијарди фунти ќе се подготвува за брегзит без договор

Велика Британија најави дека ќе потроши дополнителни две милијарди фунти за подготовка за брегзитот без доовор.

Како што изјави министерот за финансии, Саџид Џавид, дополнителните средства ќе бидат користени за вработување на 500 лица, обезбедување лекови, како и информирање на јавноста.

Претходно, милијарди фунти веќе беа потрошени пред првично предвидениот датум за брегзит – 29 март.

Премиерот Борис Џонсон најави дека Лондон ја напушта ЕУ на 31 октомври со или без договор.