12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Борисов и Заев ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска престојува во посета на земјава по повод заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.

Борисов претпладнево официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.

Според најавената агенда, по официјалниот пречек и билатералните средби на владините делегации, Борисов и Заев ќе одржат заедничка прес конференција во Владата со почеток во 10:10 часот.

Потоа, тие ќе се упатат кон црквата „Свети Спас“ каде ќе положат цвеќе и ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев, а од таму, Борисов ќе замине кон вила Водно, каде треба да оствари средба со шефот на државата, Стево Пендаровски.

Веќе во попладневните часови, Борисов и Заев во Дојран ќе положат цвеќе на споменикот на полковникот Константин Каварналиев.

Спонзорирано: