22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мигранти од Етиопија умреле на брод од глад и жед

Најмалку 15 мигранти од Етиопја загинаа кога бродот со кој требало да бидат пренесени во Јемен се расипал и седум дена бил носен од морските струи, а луѓето на него биле без храна и вода, објави Организацијата за миграција (ИОМ).

Според преживеаните, некои луѓе починале од глад и жед, а некои се удавиле.

Во објавата од ИОМ на „Твитер“ се наведува дека некои луѓе успеале да стигнат до Јемен, но сепак починале пред да добијат лекарска помош.

Јемен повеќе од четири години е во граѓанска војна, а луѓето страдаат од глад.

Меѓутоа, илјадници мигранти, претежно од Африканскиот Рог, доаѓаат секоја година со надеж дека ќе стигнат до богатите арапски земји.