32.8 C
Скопје
13. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Дамјановски-Циц: Потребна е реорганизација на СДСМ, прво како добра опозициска партија, за потоа да претендира и за власт

„Причините не ми се познати, до денеска. Слушам дека имало таква намера уште две години претходно, дека јас не треба да стојам повеќе на чело на општината, што се покажа за една голема грешка во однос на социјалдемократијата во Куманово. Бидејќи изборот како што го направија, за многу кратко време се случи краток спој на релација централно – локално раководство, што ескалираше во 2021 година со „Мое Куманово“, листа, партијата ЗНАМ итн., што е судбоносно во овие моменти за она што ни се случи на изборите во месец мај,“ истакна Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од СДСМ, на поткастот Политиканти на Слободен Печат, коментирајќи го повлекувањето од СДСМ изминативе години, по решавањето на СДСМ да го поддржи Максим Димитриевски за градоначаланик на Куманово, на локалните избори 2017 година.

Циц се наврати на периодот од 2005 до 2017 година кога на чело на Куманово беше градоначалник, а СДСМ долго време во опозиција. Како и неговиот успех во времето на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски во 2013 година, да го добие Куманово.

„Овој пораз кој го доживевме на 8 мај е еден од најтешките, такви бројки не сме имале никогаш и не треба да имаме во иднина, ако успеат да се реорганизираат како партија и да фатат еден терк на една партија кога има тенденција прво да биде добра опозициска партија, а потоа да претендира и за власт,“ посочи Циц.