Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возот кај Кондово удрил во автомобил управуван од 22-годишник

Дваесет и двегодишен скопјанец е повреден во железничката незгода што се случи утрово на пругите од Ѓорче Петров кон Кондово кога воз удри во патнички автомобил.

Од МВР велат дека возот сообраќал на релација Тетово – Скопје и бил управуван од С. М. (50) од Скопје.

Скопјанецот од автомобилот, кој во моментот на несреќата поминувал на пругата, е лице со иницијали Ф. С., кое било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот бил извршен од екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ – Уставни измени под сегашните услови нема, прво да се договори Акцискиот план за малцинствата

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ ЗЕМЈИ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ СРЕДСТВА ОД ЕУ – Фон дер Лајен најави 338 милиони евра

ДЕСК

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК