24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јапонија ја затвора нуклеарката Фукушима

Осум години откако беше делумно оштетена од цунамито, нуклеарната централа „Фукушима Даини“ е спремна за затворање. Управниот одбор на компанијата за снабдување со електрична енергија (ТЕПКО), оператор на оштетената нуклеарна централа Фукушима, донесе одлука да ги отстрани сите четири реактори од својата нуклеарна централа Даини. Реакторите се отстрануваат од капацитетот сместен на околу 12 километри јужно од електраната Даичи.

Цената на проектот се очекува да достигне 2,6 милијарди долари и може да трае 40 години.

И двете централи (Даини и Даичи) во Фукушима беа оштетени во големиот земјотрес и цунамито во март 2011 година, но Даини успеа да преживее.

Компанијата планира да изгради објект за складирање на потрошеното нуклеарно гориво од централата, иако допрва треба да одбере крајно место за одложување на горивото.

Во април Јапонија почна делумно да им дозволува на жителите на дел од подрачјето близу Фукушима да се вратат во своите домови.