Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пријава против скопјанец за закани на „Фејсбук“

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д. (46) од Скопје поради „загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.4, предвидено и казниво според Кривичниот законик.

Скопјанецот користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 23 и 24 јули објавил содржини со заканувачка содржина. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува уште по десетина вакви и слични случаи, за кои во текот на утрешниот и наредните денови ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК