11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гол Британец скокнал во смрт од панорамско тркало во Италија

Италијанската полиција ги испитува околностите на инцидентот во кој гол Британец паднал од панорамско тркало во Римини, Италија, кога претходно бегал од полицијата, пренесува британски „Сан“.

Според извештаите на медиумите, инцидентот се случил минатиот викенд, на 29 јули.

Луѓето во Римини забележале маж што се качил на панорамското тркало високо 45 метри. Еден од очевидците рече дека туристот најпрвин бегал од полицијата, а потоа се искачил на тркалото каде што се соблекол гол и неколку минути подоцна скокнал.

Во тоа време тркалото не се движело бидејќи операторот го запрел.