12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Движењето Беса: Министерството за финансии не го почитува Законот за јазиците

Иако поминаа неколку месеци од донесувањето на Законот за употреба на јазиците и обврската што ја има Владата за негово почитување, пред Министерство за финансии може да се забележи дека во оваа институција законот и натаму не се применува, велат од партијата Движење Беса.

„Законот за употреба на јазиците не го почитуваат и многу други институции, но оваа акција ја инициравме токму пред ова Министерство бидејќи одговорен за овој ресор е премиерот Зоран Заев, а негов заменик е министер од редовите на ДУИ“, посочуваат од партијата, од каде што додаваат дека од Демократската унија за интеграција не се придржуваат до законите што се од голем интерес за Албанците.

Од Движењето Беса како потсетник за Законот за јазиците пред Министерството за финансии донесоа плакета напишана на албански.

Спонзорирано: