24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британските муслимани инсистираат на халал вакцина против грипот

Многу муслимански жители на Обединетото Кралство одбиваат да им дозволат на своите деца да учествуваат во националната програма за вакцинација против грип бидејќи третманот не е халал, арапски збор кој може да се преведе како „дозволен” , пренесува „Телеграф“.

Секое здраво дете на возраст од две до десет години во Англија ќе добие назална вакцина против грип следниот месец како дел од напорите на владата да ги заштити Британците од оваа болест.

Муслиманските родители се посебно загрижени поради назалната вакцина„флуенз“која содржи желатин добиен од свињи, кои се сметаат за нечисти според исламскиот закон.

„Телеграф„ го цитираше Шуџа Шафи, претседател на Муслиманскиот совет во Британската истражувачка комисија, велејќи: „Ги консултиравме научниците и ова е нивното гледиште… ни треба друга вакцина која е халал”.

Советот истакна дека спрејот „флуенз“ ќе биде дозволен само ако нема алтернатива и ако животот на децата е изложен на ризик.

Шафи уште минатата година ги повика медицинските лица да најдат долгорочно решение за проблемот. Неговиот став го повтори и Мери Рамзи, шеф на имунизација во Јавно здравство Англија (ПБЕ), која вели дека клучен приоритет на ПБЕ е да се осигури дека вакцините се безбедни и ефикасни.

ПБЕ ги охрабрува родителите да бараат совет од нивната верска заедница или од лидерите на заедницата за да ја кажат својата одлука.

Во моментов, постојат спрејови без свински желатин, но тие се нудат само за деца со висок ризик. Се верува дека алтернативната вакцина е помалку ефикасна во смисла на намалување на ширењето на грипот.