Centar.mk
БИЗНИС

ВМРО ДПМНЕ против мерката за зелена нафта – за нив тоа е популистичка и неефективна мерка

Квази мерката зелена нафта на Зоран Заев е уште една неефективна популистичка мерка, од која земјоделците нема да имаат никаква корист, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Да само за половина од македонските земјоделци ќе има таканаречена зелена нафта. Во нормални услови ќе прашавме по кои критериуми истите ќе се делат, но земајќи ја во предвид ситуацијата дека картичките и не овозможуваат големи поволности, заклучокот е едноставен, ова е класично замачкување на очи на македонските земјоделци. Имено според направените пресметки намалувањето на трошоците кое ќе го имаат земјоделците во нивното производство со оваа таканаречена мерка изнесува помеѓу од 1 до 3 отсто“, рече тој.

Според него мерката не ги решава проблемите на македонските земјоделци.

„Земјоделците имаат проблем со пласманот и со цената на земјоделските производи. Доколку власта навистина сакаше да им помогне на земјоделците со зелената нафта, ќе овозможеше достапност на сите земјоделци до картички и до оваа мерка, и ќе ја намалеше односно ќе ја укинеше акцизата за нафтата од 3.5 денари со што ќе го донесеше македонскиот земјоделец во рамноправна положба“, рече Трипуновски.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ СО ПОРАКА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА – Јагленот не може да се напушти преку ноќ

ДЕСК

ОБЈАВЕНА КУРСНАТА ЛИСТА ЗА ДЕНЕСКА – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк во денари

ДЕСК

ПО ГОЛЕМИОТ ПАД НА ЦЕНИТЕ, ВО ПОНЕДЕЛНИК СЛЕДУВА НОВА ПРЕСМЕТКА – Дали бензинот и дизелот повторно ќе поевтинат или возачите ги чека пресврт?

ДЕСК