26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Сенатот на САД: Руски хакери уште во 2014 почнале подготовки за влијание врз изборите

Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат синоќа објави извештај за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД од 2016 година.

Во него се истакнува дека Кремљ продолжува со поткопување на демократските процеси и моментно се ориентира на претседателските избори во 2020 година, пренсоа светските агенции.

Наодите од извештајот укажуваат дека руски хакери почнале со подготовки за операција од огромни размери против изборните процеси во САД уште во 2014 година.

Цел на нападите биле бази на податоци со избирачки списоци и машини за обработка на гласачките ливчиња во сите 50 сојузни држави. Според извештајот, руските хакери пробиле во изборниот систем на 21 држава.

Сепак, се истакнува дека не се откриени докази за манипулирање со изборните резултати во тие држави.

Во извештајот не се објаснува од какви цели биле водени хакерите, но Сенатот препорача замена на технички застарените системи за гласање и доделување дополнителни финансии за безбедносни мерки во пресрет на претседателските избори во 2020.