22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија трага по руски шпион кој работел за воената разузнавачка служба ГРУ

Меѓународен налог за апсење е издаден за наводен руски шпион, за кој се верува дека презел тајни активности за руската воена разузнавачка агенција ГРУ во Австрија, пренесува РТ.

Австриското Министерство за внатрешни работи објави детали на интернет за потрагата, велејќи дека Игор Егорович Зајцев е осомничен оти тајно работел за ГРУ. Дејствата на Зајцев, се вели во известувањето, биле на штета на Република Австрија.

Зајцев (65) е роден во Москва и се бара за издавање државни тајни и намерно откривање воена тајна.

Потрагата беше објавена во вторникот од канцеларијата на јавниот обвинител на Салцбург, но малку други детали беа објавени. Некои медиуми велат дека потрагата најверојатно е поврзана со случајот на пензионираниот полковник на сојузната армија од Салцбург, кој е обвинет за собирањеа информации за Русија во периодот помеѓу 1992 и 2018 година.

Полковникот, познат како Мартин М. поради законите за заштита на приватноста, беше обвинет минатата година и моментално е во притвор. Веста предизвикала скандал, а еден австриски весник објави дека неговиот идентитет бил откриен од Британците кои се обидувале да отворат јаз меѓу Виена и Москва.

Спонзорирано: