15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јужна Кореја пукаше во руските авиони во знак на предупредување

Авиони на воздухопловните сили на Русија двапати го нарушија јужнокорејскиот воздушен простор во Јапонското Море, според агенцијата „Јонхап“, повикувајќи се на командантот на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Јужна Кореја.

Агенцијата нагласува дека биле подигнати ловците на воздухопловните сили на Јужна Кореја, па дури и пукале како предупредување.

Инцидентот се случил во областа на островот Токто, лоциран источно од јужниот дел на Корејскиот Полуостров и е предмет на спор меѓу Сеул и Токио.

Според верзијата на Комитетот на началниците на штабовите, три авиони на Русија и два кинески влегле во зоната на ПВО на Јужна Кореја. Еден руски авион, како што се тврди, двапати го нарушил воздушниот простор.

Ова е прв случај руските авиони да го прекршат воздушниот простор на Јужна Кореја.

Спонзорирано: