20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Десет лица загинаа во експлозија во фабрика во Кина

Во експлозија во фабрика за гас во централна Кина загинаа 10 лица, соопштија кинеските власти.

Уште 19 лица се тешко повредени, а пет се водат за исчезнати, наведоа надлежните.

Експлозијата се случила синоќа, а кинеските медиуми пренесуваат дека од нејзината силина биле оштетени прозорците и вратите на куќите оддалечени и до три километри.