17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прозорци и врати на згради во Кина пукаа од моќна експлозија во фабрика за гас

Прозорци и врати на згради биле искршени при моќна експлозија во фабрика за гас во централниот дел на Кина. Некои од зградите биле оддалечени и три километри од местото на експлозијата.

Според државните медиуми, засега не е познат бројот на жртвите.

Смртоносни хаварии во индустрискиот сектор се честа појава во Кина, каде што правилата за безбедност не се применуваат правилно, информираат светските агенции.