20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандската влада: Ја прифаќаме одлуката на судот

Холандската влада соопшти дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека земјата е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година на подрачјето на Сребреница во Босна и Херцеговина.

„Владата ја прифаќа одлуката на Врховниот суд. Државата со тоа ја прифаќа штетата што ја утврди судот“, се наведува во соопштението на холандското Министерство за одбрана.

Жртвите од Сребреница, за кои е одговорна Холандија, биле протерани од холандскиот ОН-баталјон на 13 јули 1995 година по што биле ликвидирани во геноцидот. Според пресудата, Холандија мора да им исплати надоместок на семејствата на жртвите.