16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Конгресот го отфрли барањето за импичмент на Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли предлогот за почнување процедура за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите навреди кон четири конгресменки од Демократската партија.

Текстот за импичмент беше поднесен од страна на демократот Ал Грин, но Конгресот го отфрли со големо мнозинство од 332 наспроти 92 гласа.

Вчера, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат коментарите на претседателот Доналд Трамп за членките на Конгресот од малцинските заедници. За резолуцијата гласаа сите демократи и четворица републиканци.

Претходно, Трамп на „Твитер“ напиша дека кај него нема ниту трошка расизам.

Спонзорирано: