13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знае што е одговорност, за неа тоа е мисловна именка

Одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ. 11 години режимот на Никола Груевски контролира сè, ВМРО-ДПМНЕ создаде криминален систем со кој ги штитеше криминалот и криминалците во своите редови, реагира СДСМ по прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски сè уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа се единствениот негов фокус и константа. Денес, законите важат еднакво за сите и секој за кој ќе се докаже дека е виновен сноси одговорност во согласност со законските норми.

Уште една лага во низата што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги шири е и наводното фалсификување записник од страна на Министерството за пријавен случај за физички напад за што МВР веднаш излезе со демант.

Напротив, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудиоснимка и по комплетирањето на сите потребни докази, ќе се поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Претходно, осуда за насилство беше упатена и од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и од самата партија, а воедно беше упатен и повик истражните органи да утврдат дали и каква одговорност постои.

Ако порано полицијата под директива на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ служела за забошотување кривични дела, режирање на апсења и случаи, одмазди и притисоци, денес на само две години од владеењето на СДСМ тоа е минато.

Надлежните ограни денес работат транспарентно во согласност со позитивното право и законите, во заштита на правата и безбедноста на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Спонзорирано: