20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Зошто е убаво секое утро да пиеме по една чаша топла вода?

Повеќето од нас го започнуваат денот со топол чај или кафе, да се загрееме по будењето. Меѓутоа, кога пиеме вода, сакаме да биде ладна. Но, дали сме во право кога водата е во прашање?

Редовното пиење топла вода, посебно наутро, според тврдењата, благотворно делува на организмот, така што го подобрува варењето, и помага за ослободување на метаболичкиот отпад.

Ви даваме шест причини зошто да конзумирате топла вода:

 

ГИ ПРОЧИСТУВА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ

Шоља топла вода наутро може да ви помогне да го прочистите телото од токсини. Водата и другите течности помагаат во разградувањето на храната во желудникот и го одржуваат дигестивниот тракт. Топлата вода ќе ја разложи храната побрзо, а со тоа ќе го олесни варењето. Конзумирањето ладна вода во текот, или по оброкот, ги згуснува мастите во храната и така создава масни наслаги во цревата. За среќа, можете да ја замените ладната вода со топла и може да го потпомогнете варењето, особено после оброкот.

ЈА ЗАБРЗУВА РАБОТАТА НА ЦРЕВАТА

Грчевите и надуеноста кои повремено ги чувствуваме се предизвикани од недостаток на вода во организмот. Една чаша топла вода на празен стомак, ќе ја забрза работата на цревата и ќе му помогне на телото да профункционира нормално.

ГИ УБЛАЖУВА БОЛКИТЕ

Се верува дека топлата воде е најмоќниот природен лек а може да ја ублажи болката при менструалните болки. Топлината ќе ги опушти мускулите и ќе ве ослободи од грчевите, со што ќе се смири болката. Топлата вода е добра за сите видови на грчеви и затоа што ја зголемува циркулацијата.

ВИ ПОМАГА ВО НАМАЛУВАЊЕ НА КИЛОГРАМИТЕ

Топлата вода ја зголемува температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот. На тој начин се согоруваат и повеќе калории. Исто така благотворно ќе влијае и на бубрезите.

ГО УСПОРУВА СТАРЕЕЊЕТО

Присуството на токсини во организмот го забрзуваат стареењето а бидејќи топлата вода го ослободува телото од токсини, процесот на стареење се успорува а еластичноста на кожата се зголемува.