8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран егзекутира „американски шпион“

Иранските власти егзекутираа свој државјанин, зошто наводно бил шпион на ЦИА, објави иранската државна телевизија ИРИБ.

Тој наводно бил соработник во одделот за селенски истражувања во рамки на иранското Министерство за одбрана. Тој и сопругата биле уапсени во 2010 година под обвинение дека се шпиони за американската разузнавачка алужба, бидејќи властите утврдиле дека во нивниот стан биле најдени јасни докази за тоа.

По повеќегодишна истрага, воениот суд го осуди мажот на смрт, а неговата сопругадобила казна од 15 години затвор. Со оглед дека казната ја потврдил и највисокиот ирански суд, мажот на почетокот на неделата бил обесен во затворот Раџај Шар во градот Карај.

Иран применува смртна казна во случај на убиства, силувања, вооружени кражби и тешка трговија на дрога.

Меѓународната заедница веќе со години го критикува Иран поради таквите егзекуции.