24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МЗШВ почнува со потпишување договори за продажба државно земјоделско земјиште под оранжерии

Владата на последната седница донесе одлука за давање согласност за склучување договор за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор.

На последниот јавен повик 8 компании ги исполнија условите и со нив ќе се потпишат договори. Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе може да си го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, а кое во моментот е во државна сопственост. На тој начин ќе стекнат имотни листови и ќе може да влезат во инвестиции во делот на проширување на објектите, водено ќе може да подигнат кредити за реновирање и модернизација на објектите.

Она што е најважно за овој тип производство е што со стекнување имотен лист ќе им се овозможи и на овие агробизнисмени да конкурираат за мерките од европската ИПАРД-прогама, кои овозможуваат покривање дел од трошоците за инвестиции во изградба и реконструкција на објетктите. Крајниот ефект ќе биде врз целокупното земјоделство, односно самите инвестиции ќе придонесат кон зголемување на обемот и квалитетот на производството, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Спонзорирано: