23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бектеши им ги врачи на претприемачите решенијата за субвенции

Преку Програмата за конкурентност, иновации и претприемаштво за 2019 година овозможивме директна финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија во вкупен износ од 21 милион денари, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, во своето обраќање на свеченото доделување на решенијата за исплата по мерките од оваа Програма.

„Станува збор за кофинансирање на 70 отсто од докажаните трошоци за набавка на опрема и алати, за дизајн на производ или за учество на домашни саеми за износ до 300.000 денари“, посочи министерот додавајќи дека сето ова е со цел на претприемачите да им се помогне во унапредување на нивното работење, подобрување на квалитетот на производство и поголема конкурентност.

Бектеши нагласи дека збирно за три годни (2017, 2018, 2019), сo вкупно обезбедени 59 милиони денари, субвенционирани се 240 микро, мали и средни претпријатија.

„Колку е навистина голем интересот за оваа мерка кажува фактот дека средствата во вкупен износ од 21 милион денари предвидени за оваа мерка се исцрпија уште пред завршување на рокот определен во јавниот повик. Гледано во бројки, годинава се веќе субвенционирани 87 микро, мали и средни претпријатија, но во 2019 предвидено е да се поддржуваат претпријатија чија претежна дејност е преработувачката индустрија или градежништвото“, рече министерот истакнувајќи дека за два јавни повика сè уште трае рокот за аплицирање до 30 јуни, и тоа за јавниот повик за субвенционирање претпријатија во сопственост и управувани од жени и за јавниот повик за субвенционирање занаетчии.