Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Макрон би ја поддржал Меркел за шеф на Европската комисија

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека ќе ја поддржи германската канцеларка Ангела Меркел да биде шеф на Европската комисија, ако таа сака.

Макрон рече дека Европската Унија има потреба од некој силен на чело на Европската комисија, но додаде дека поради пријателскиот однос што двајцата го имаат, тој не сака да влијае врз Маркел.

„Ако сака да ја преземе функцијата претседател на Европската комисија, ќе ја поддржам“, изјави Макрон за швајцарска телевизија.

Меркел повеќепати истакна дека по завршувањето на мандатот како канцеларка во 2021 година нема да има политичка функција, ниту во Германија ниту во Европската Унија.

Германската канцеларка предложи претседателот на Европската народна партија, Манфред Вебер, да го наследи Жан-Клод Јункер на местото претседател на Европската комисија, но Макрон не го поддржува предлогот.