17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин ќе ја посети Саудиска Арабија во октомври

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Саудиска Арабија, голем сојузник на САД на Блискиот Исток, во октомври годинава, изјави во понеделникот саудискиот министер за енергија, Калид ал-Фалих.

Фалих, кој беше во Москва на разговори со својот руски колега, рече дека саудиските компании размислуваат да учествуваат во проект за изградба на фабрика за метанол во источниот дел на Русија, објави новинската агенција „Интерфакс“.