20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нападнат католички свештеник во Полска

Католички свештеник кој беше нападнат пред црквата „Света Марија“ во Варшава, во Полска, е хоспитализиран со тешки повреди. Напаѓачот му пришол на свештеникот пред градската црква и го избол со нож.

Свештеникот е опериран поради убодни рани во пределот на градниот кош и се наоѓа во стабилна состојба.

Напаѓачот е притворен, а причината за нападот сè уште не е утврдена.