17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австралискиот кардинал осуден за педофилија вратен во затвор, судот не донесе одлука за неговата жалба

Австралискиот кардинал Џорџ Пел, кој е осуден на шестгодишна затворска казна поради педофилија, е вратен назад во затвор по жалбеното рочиште кое траеше два дена, а заврши без одлука на судијата.

Некогашниот близок соработник на папата Франциско беше осуден во март годинава поради сексуално малтретирање момчиња кои во 90-тите пееле во црковниот хро во катедралата „Свети Петар“ во Мелбурн. Тој тврди дека е невин.

Тројца судии во судот во Мелбурн вчера почнаа да го разгледуваат барањето на Пел да му се одобри жалба на пресудата и самата жалба.

Рочиштето заврши денеска, но судиите се повикаа на правото одлуката да ја донесат подоцна. Не е објавено кога би можело да биде тоа. Судот може да ја потврди пресудата, да наложи нов процес или да го ослободи Пел. На неговата одлука постои можност за жалба до Врховниот суд.

Пел (77) е највисок службеник во Католичката црква, кој некогаш осуден за педофилија. Поранешниот надбискуп на Мелбурн и Сиднеј смета дека првостепената пресуда е неразумна затоа што се темели на сведоштвата на една од двете жртви. Една од жртвите починала од предозирање во 2014 година и никогаш не зборувала за педофилија.

По рочиштето, Пел бил вратен во затворот, каде што в сабота во самица ќе го дочека 78. роденден.

Спонзорирано: